Македонската пејачка Андријана Јаневска на социјалните мрежи објави дека одбележува 14 годишнина од нејзиниот брак со музичарот Драган Гиновски – Гино.
Таа потсети на овој значаен датум со неколку фотографии на кои се гледа дека навистина била преубава невеста.
„На денешен ден пред 14 години бев невеста. Со Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес. Имес не постои, ама ние си тераме“, напиша пејачката.
Андријана и Драган имаат две деца, синовите Димитар и Кристијан.