Во Хрватска е откриена многу опасна болест. Пет пациенти се хоспитализирани во КБЦ Загреб, откако се заразиле со легионела. Откако е констатирано дека од овие пациенти двајца се во тешка состојба, отпочната е истрага која треба да утврди од каде почнала заразата, бидејќи е познато дека ваквиот тип зараза може да се прошири или од клима уредите или од вода.
Легионерската болест е атипично воспаление на белите дробови, предизвикана од бактерија, а се лечи со антибиотици.
„Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје кој ги направи сите анализи и бактеријата беше изолирана во водоводниот систем.. Во овој момент во тек е пастеризацијата“, изјави проф. д-р Миливој Новак.
Симптоми на болеста пројавиле пет пациенти, од кои двајца се во тешка состојба. Според докторот, се работи за пациенти кои веќе биле болни, па легионелата драстично ја влошила нивната состојба.
Епидемијата со оваа болест генерално се поврзува со водоводните системи на болниците, хотелите, јавните тоалети или базените. Таа не се пренесува од човек на човек.