Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа на социјалната мрежа „Х“ објави дека на Курбан – бајрам во Турција се повредени околу 16.000 месари аматери, пренесува Н1.
Коџа објасни дека повредите настанале на првиот ден од Курбан Бајрам поради повреди при жртвување животни, наведувајќи дека 16.000 луѓе дошле во здравствените домови за да побараат лекарска помош.
Тој наведе дека 1.274 лица се повредени во главниот град Анкара, 840 во Истанбул и 416 во Измир.
На првиот ден од Курбан- бајрам, кој го слават припадниците на исламската вероисповед, се принесува жртва, односно животно. Потоа се празнува жртвата на Ибрахим, кој бил подготвен да го жртвува својот син според Божјата одредба, но на крајот наместо синот дал јагне да се жртвува.
Bayramın ilk gününde Ankara’da 1.274, İstanbul’da 840, İzmir’de 416 olmak üzere, ülke genelinde yaklaşık 16.000 kişi kurban kesimi sırasında yaşadığı yaralanmalar sonucu sağlık kuruluşlarımıza başvurdu. Kesimlerin profesyonel kişilerce yapılmaması bu gibi durumlara yol açıyor.…
— Dr. Fahrettin Koca (@drfahrettinkoca) June 16, 2024
Курбан Бајрам обично започнува на последниот ден од хаџот, годишниот аџилак во Мека во Саудиска Арабија, поради што се нарекува и Хаџ.
На првиот ден од Курбан Бајрам Турците жртвуваат главно овци и кози, а најбогатите и вол.
Министерот за здравство Коца исто така додаде дека ваквите повреди настанале затоа што месото го подготвувале луѓе кои не се стручни и ги советувал сите да бидат внимателни, особено оние кои првпат жртвуваат животно.