Тажни вести од Црна Гора, на 26 години почина Матија Шаркиќ, кој беше прв голман на репрезентацијата.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Матија Шаркиќ утрово починал ненадејно во Будва додека бил во својот апартман.
Наглo му се влошила здравствената состојба, неговите пријатели повикале итна помош, но докторите не успеале да го спречат најлошото.
Матија Шаркиќ пред десетина дена бранеше за репрезентацијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар против Белгија, се прикажа во одлично светло со девет одбрани и доби многу пофалби.
26 годишниот голман е роден во Англија, па таму и ја помина фудбалската кариера, од август 2023 година беше член на Милвол.