СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Р.(31) од Кралство Холандија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што информира попладнево МВР на 05.06.2024 во селото Пештани, пријавениот оштетил медицинско возило и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.