МВР попладнево информира дека вчера во 20.45 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината свекрва С.М.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што ќе следува соодветен поднесок.
Полицијата информира и дека на 10.06.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир, неговата поранешна сопруга А.М. физички ги нападнала нивните два малолетни сина.
МВР најавува кривична пријава поради насилството.