Анастасија Ражнатовиќ денеска, 28 мај, се омажи за фудбалерот Немања Гудељ. Младата пејачка и фудбалерот направија граѓанска венчавка и организираа венчавка за блискиот круг на пријатели и роднини, пишува курир.рс.
Тајното граѓанско венчавање се одржало во кругот на најблиските членови на семејството Ражнатовиќ и Гудељ и кумовите.
Семејството, мајката, сестрата, таткото и братот на Немања пристигнале еден час пред почетокот на церемонијата, а ги пречекал Немања.
Портата на вилата на Цеца била украсена со бели цветови.
Вељко Ражнатовиќ, по објавувањето на веста за венчавката, на својот Инстаграм ги објави првите фотографии од својот дом на Дедиње на кои можете да ги видите среќните младенци.
Она што особено привлече внимание е трпезаријата во која се организираше ручекот. Од фотографиите се гледа дека Ражнатовиќ не штеделе на менито, па на трпезата имало печено свинско месо, раженчиња, салати, помфрит и други јадења.
Покрај сликата со младенците, Вељко како горд брат објави и слика со баба му и дедо му пристигнати од Житораѓе. На масата се гледа и дека гостите користат златен есцајг и пијат од кристални чаши.
Анастасија и нејзиниот сакан се заветија на вечна љубов пред Бога во манастирот Рајиновац пред неколку месеци, поточно на крајот на август.
Гудељ потоа избра бурми од луксузниот бренд „Булгари“, кои чинат цело богатство.
На официјалната страна на овој бренд пишува дека еден прстен чини 1.330 фунти, односно 1.557 евра. Младоженецот платил 3.114 евра за два венчални прстени, пренесува курир.мк.