СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(60) од Тетово, вработена во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“.
Во текот на 2022 година, пријавената изготвила лажна документација и без да склучи купопродажен договор со З.А., продала недвижен имот сопственост на РСМ, кој претставувал бесправно изграден објект.