Деновиве во етер е „Дирлада“ во една поинаква обработка од групата „Меморија“ покрај проектот „Македонски бисери“. Се промовира нова преработка во која се слуша спој од 4 рефрени на познати македонски народни песни со патриотска содржина. Гостувајќи во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Петар Ѓеоргиевски – Камиказа зборуваше за тоа колку може да се прават наменски песни, по пример на шпекулациите во поранешна Југославија, дека групи како Бијело Дугме продуцирале музика по нарачка на државата со цел да се контролира младината и јакне југословенството.
-Во тоа време се говореше дека Сараевската школа под големо внимание на тогашна УДБА, во што јас не верувам. По пример на „Запјевај моја Југославија“ – ги терале да прават музика за да ја насочи и контролира младината. Не го делам тоа мислење, бидејќи не може така наменски да направите такви песни како што правеше Бреговиќ. Сум се скарал со многу музички новинари за тоа. Мислам дека било латентно контролирање на работите. Не може некој да те натера да напишеш нешто во што не си учествувал. Наменски кога некој пишува песни, тоа се слагалки, Рубикова коцка, црно – бело, рече Ѓеоргиевски.
На прашањето дали песната „Оган под ѕвездите“ е таква наменска песна, Ѓеоргиевски вели: „Јас не сум шнајдер“.
-За таа песна имав назнака уште во гимназија. Кога почна со проби „Меморија“ одам дома и во 3 часот сабајле, станав и рацете само го испишаа текстот. Луѓе како Горан Стефановски, (не сакам да се споредувам со Стефановски), но тоа е само Божја премиса, ние сме само пренесувачи на гласот на Бога од она што ни го дал како дарба, објаснува Ѓеоргиевски.
„Стадион“ е во тек, може да се гледа и на линкот: