Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), почина синоќа во селото Злот, јавуваат српските медиуми.
Неофицијално, таа отишла кај соседите за помош.
– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.
Нејзиниот сопруг Радослав е во притвор под сомнение дека му помагал на синот во ужасот.
Нејзиниот втор син, Далибор, почина во полициски притвор во Бор, откако беше уапсен под сомнение дека знаел каде неговиот брат Дејан го криел телото на убиеното девојче.