Бејби лазања, претставникот на Хрватска на Евросонг, е голем фаворит за победа, но наградата нема да биде онаква каква што многумина ја замислуваат, пренесува дневник.хр.
Наградата за победникот на Евровизија е стаклен трофеј во форма на микрофон и ништо повеќе.
Парична награда нема ниту некогаш постоела, а изведувачот наместо пари, добива популарност по победата на Евровизија, ја користи за комерцијални цели, ги поскапува своите настапи и публиката ширум светот.
Кога Кончита Вурст победи на Евровизија во 2014 година, таа доби награда од 2,5 милиони евра од австриската влада.
Марија Шерифовиќ откри дека наместо пари, за својата победа добилабомбоњера од владата на Србија.
Тоа значи дека, доколку победи Бејби Лазања, може да добие награда од хрватската влада или некоја институција во неговиот роден град.
Финалето на Евросонг е вечерва во шведскиот град Малме.