Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ денес ја коментираше состојбата во Македонија по изборите и изјавите на Мицкоски.
-Има Договор за добрососедство што го склучивме со РСМ. Го повикувам колегата Мицкоски, тој е мој колега, тој ми е добар пријател, да престане да зборува, бидејќи изборите поминаа. Му честитав за успехот, но со оваа реторика видовте ја запали целата бугарска политичка класа. Ако сака добрососедство, имаме договор, сите ќе си ги мериме приказните, категоричен е лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, од Бургас, јави дописникот на БГНЕС.