Ден по победата на ВМРО ДПМНЕ од Будимпешта се јави и ек лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.
Тој на Фејсбук напиша статус во кој ја честиташе победата на партијата на парламентарните и претседателските избори.
Груевски напиша:
-Судбината сакаше на денот на победата над фашизмот, одбележувајќи го големиот пораз на фашизмот во 1945 година, да го поздравам големиот пораз на СДСМ и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите одржани вчера, како на парламентарните, така и на претседателските избори. Вчера, иако со поголемо задоцнување, убедливито мнозинство народ жестоко ги казни и порази политиките на СДСМ кои ги постави Зоран Заев, а ги следеа неговите слепи послушници. Политики полни со национални предавства, криминали, длабока корупција и лично богатење на грбот на граѓаните, секојдневни лаги и манипулации, злоупотреби, политички прогони на неистомислениците, не функционалност на државните институции и нивно ставање во лична полза, како и неспособност од големи размери.
Политики кои Македонија ја уназадија во секој поглед, неповратно иселија огромен број граѓани и ја доведоа земјата во позиција на потчинетост пред негаторите на нацијата и на македонскиот идентитет, јазик, историја, име, националност и посебност. Политики со кои Македонија беше константно 7 години економски уништувана, осиромашувана, ограбувања и морално пропаѓана. ВМРО-ДПМНЕ доби голема подршка од граѓаните. Но, и голема обврска пред народот, и големи очекувања и надеж кај нив, кои не смее да се изневерерат. Со среќа! И со ум!
Под постот има над 132 коментари од негови приврзаници.
„Ве чекаме претседателе“, „Белиот коњ од мене претседателе, те чекаме!“, „Претседателе враќајте се не може без вас“, „Коалиција со Левица и прифаќање на македонската платформа би бил одличен знак дека умот дошол.“, „Ајде, спреми куферите“ се само дел од коментарите