Неодамна навршија девет години од првиот настап на Бруно Марс во хотелот Park MGM во Лас Вегас, додека за оваа година се закажани дури 12 концети.
Како што пренесува News Nation, причината зошто Марс таму настапува толку многу е тоа што акумулирал коцкарски долг во казиното.
„Тој му должи на MGM милиони од коцкање. Всушност, MGM него го поседува“, изјавил неименуван извор за News Nation.
Наводно се работи за вртоглава сума од педесет милиони долари.
„Тој заработува 90 милиони долари годишно од работата која му е договорена со казиното, но сепак мора да го врати долгот“, додал изорот тврдејќи дека пејачот заработува само по 1,5 милиони долари од ноќ со оглед на тоа дека плаќа и данок.
Марс претходно имаше изјавено дека првпат посетил казино на 19-годишна возраст, а парите за ќирија ги обезбедувал токму преку играње карти. Тој раскажа и дека првиот пат изгубил 100 долари.
„Мораш да изгубиш. Само треба да изгубите за да победите“, додаде пејачот.