Амар Мециновиќ, носител на листа на Левица во ИЕ2 во гостувањето во „Стадион“ рече дека Владата го рехабилитираше фашизмот за да ги задоволи апетитете на Бугарија и удри по темелите на АСНОМ , ги следеше врските на Заев со бугарските политичари.
За штетата на одлуките на актуелната Влада по граѓаните најилустративна е давачката за мрежарина што низ пресметка ја илустрираше Мецановиќ.
-Ние имаме 600.000 домаќинства на кои ЕВН им е универзален снабдувач и сите сијалалици да ги исклучиме и никој да не користи струја, месечно ќе плаќаат по 2.100.000 евра или 12 милиони евра за една година. За 8 години ќе ја имаме го цифрата со кои е купен ЕВН – за тоа треба да зборуваме, за мафијата, рече Мацановиќ.
На прашањето дали предалага национализација на ЕВН, на Телекомот, па дури и банки Мацановиќ даде пример од Европа.
-Просто е -кога се случи пандемијијата се покажа дека европски практики на европа кои се покажаа како неуспшени за заштита на граѓаните по што следеше криза со енергенси. Европските држави ги национализираа сите дистрибутивни мрежи, тоа е тренд на европскиот континент. Ајде да се придружиме тоа е тренд, повика Мацановиќ.
Носителот на листа од Левица рече дека партијата се залага за прогресивен данок, намалување на акцизата на дизелот, контрола на дистрибутивните мережи и енергенсите и според него дебата е поставена на погрешен начин, а во Македонија не се случи демократизација на општеството, туку партите ги држат граѓаните за врат.