Денеска беше реализирано успешно воздухопловно превезување од Унгарија за Македонија на болно лице со полициски хеликоптер на МВР, што се опремува со потребна медицинска опрема пред секој таков лет, а по реализацијата на хуманата акција се вади.
-Пред два дена преку 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за воздухопловен транспорт од Унгарија до Македонија на болно лице, македонски државјанин, којшто во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во болница во Унгарија, во градот Сегедин. На барањето е одговорено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано денес од Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска. Лицето било на службен пат во Унгарија и доживеало мозочен удар, по што веднаш било сместено и оперирано на Универзитетската клиника во Сегед, по што од таму денеска е транспортиран и е сместен на Универзитетската клиника во Скопје, информираат од ЦУК и додаваат:
– При ваквите случаи помагање на граѓаните, полициските хеликоптери, со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно покрај за гаснење пожари сега се употребуваат и за медицински транспорт. Припадниците на Хеликоптерската единица на МВР е евидентно дека, покрај имаат голема професионалност, храброст, а и вештина при гаснењето на пожарите на отворено, тоа го покажуваат и во ситуациите за безбеден воздухопловен транспорт на болни граѓани на големи растојанија. Ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт на од Сегедин до Скопје, по првиот пат што успешно се реализираше на 11 април, с евели во информацијата од ЦУК.