Туристите заглавени на аеродромите во Дубаи изјавија дека „очајно барале храна“ додека останале без вода поради големите поплави предизвикани од дожд и грмотевици, јавува Би-Би-Си.
Речиси 50 летови беа откажани во вторникот, откако на социјалните мрежи се појавија снимки од луксузни автомобили кои пливаат во порои вода и трговски центри почнаа да се полнат со вода, јавува Би-Би-Си.
Властите упатија предупредувања до граѓаните да останат дома, но изгледа заборавија на патниците на аеродромите, кои рекоа дека чекаат со часови без никакви информации. На шалтерите се создадоа огромни толпи, а групите аплаудираа и свиреа во знак на протест.
صور من جريان الأودية في صحراء القدرة في #دبي pic.twitter.com/pyXP8OpBVF
— Dubai Media Office (@DXBMediaOffice) April 17, 2024
Според сајтот за следење летови Flight Aware, 150 летови кои требаше да го напуштат меѓународниот аеродром во Дубаи биле одложени, а 120 биле откажани. Емирати, водечката авиокомпанија во Дубаи, објави суспензија на услугите до четврток наутро.
„Во моментов се соочуваме со значителен прекин поради временските услови и континуирано работиме со нашите тимови за одговор при итни случаи за да ја вратиме нормалната работа што е можно поскоро“, објави Меѓународниот аеродром во Дубаи на социјалните мрежи.
Денеска соопштија дека продолжуваат летовите од Терминал 1, со напомена дека патувањето е можно само со потврдени резервации, бидејќи летовите се уште се откажуваат и доцнат.
Dubai Airport right now
pic.twitter.com/FX992PQvAU
— Science girl (@gunsnrosesgirl3) April 16, 2024
Патниците преживуваат само со продавници „бесцарински“ – каде што производите се ослободени од локални или национални даноци и давачки, под услов да се купат од туристи кои потоа ќе плаќаат давачки и даноци во земјата на дестинација.
Џејмс и Елизабет Дивајн од Кембриџ останале заглавени на погрешен аеродром со нивниот шестмесечен син откако им бил пренасочен летот од свадба во Сиднеј. Тие слетаа на Светскиот централен аеродром во Дубаи, на повеќе од 80 километри од наменетата дестинација, меѓународниот аеродром во Дубаи.
„Ресторантите се затворени, единствената храна што ја имаме е од „фри-царински“ продавници, така што нема храна за доенчиња или мали деца. Нема ниту пелени, па ги споделуваме со други патници на кои исто така им се потребни“, изјави Џејмс.
Со нови патници кои пристигнуваат одвреме-навреме, Џејмс проценува дека моментално има стотици, ако не и илјадници луѓе на аеродромот. Чекале 13 часа, додека полека се создавала паника поради недостигот на храна и вода.
Маргарет и Дерек Мекартур, постар пар од Монифиет, Шкотска, требаше да заминат од Дубаи за Токио во среда. Тие пристигнаа на качување во 6 часот наутро, но 13 часа подоцна сè уште немаа алтернативен лет или објект за спиење.
„Немаме храна, само кафе пиевме досега. Очајно ни треба нешто за јадење, не ни се издадени ваучери и не знаеме што се случува“, изјави Маргарет.
Мет Вир, кој десет години живее во Дубаи, се присети на „голем застрашувачки облак“ што се појави на небото во вторникот попладне.