Пожар изутрината го зафати покривот на 17-годишната зграда на Берзата во Копенхаген, која е една од најстарите згради во градот, јавуваат медиумите.
Зградата која се наоѓа веднаш до палатата Кристијансборг, каде што се наоѓа Парламентот, е популарна туристичка атракција.
BREAKING:
Denmark is having its “Notre Dame moment”
The historical Børsen Stock Exchange building in Copenhagen is on fire.
It was built in 1625 and is one of the city’s most beautiful buildings with its elegant spire
Yesterday was the 5th anniversary of the Notre Dame fire pic.twitter.com/8j6bPsHvaD
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 16, 2024
Се урна симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.
Големи облаци чад се издигнуваат над центарот на Копенхаген и се гледаат луѓе кои трчаат во зградата за да ги спасат сликите. Данските медиуми јавуваат дека анексот на Парламентот е евакуиран.
Полицијата и пожарникарите се пред зградата, која е опкружена со скелиња. Пристигнала и Итна помош, но нема информации за жртви. МИА