Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали почина денеска, 12 април, на 82-годишна возраст, а пред само една година го доби шестото дете.
Весникот „Кориере дела сера“ објави дека Кавали долго време бил болен.
Инаку, Сандра Нилсон Бергман, 45 години помлада, поранешна манекенка на магазинот „Плејбој“, го роди шестото дете на дизајнерот.
Се вика Ѓорѓо, како дедо му, татко ми – рекол дизајнерот, кој ова име го дал токму во чест на својот татко, убиен во Втората светска војна, кога славниот дизајнер имал само четири години.
Инаку, таа веќе има пет деца од два претходни брака. Роберто имаше две деца, Томаж и Кристина, со првата сопруга Силванела Ѓанони, со која се ожени во 1964 година, а парот беше во брак десет години.
После тоа, креаторот повторно се оженил во 1980 година, а негова втора сопруга е австриската модна дизајнерка Ева Марија Тинер. Во бракот со креаторот, имаше три деца, Роберта, Рахел и Даниела. Двојката се разведе во 2010 година, а Роберто започна врска со манекенката Сандра Нилсон во 2014 година.
Во 2015 година, Роберто Кавали купи приватен остров за неговата сопруга Сандра во нејзината родна земја Шведска.