Српските медиуми пишуваат дека виенската полиција до медиумите доставила две нови фотографии од две жени со дете кое личи на исчезнатата Данка Илиќ (2).
Во соопштението полицијата наведува и дека роднините на исчезнатото девојче го гледале видеото направено на станицата во Виена и дека претпоставуваат дека тоа би можело да биде Данка. Според соопштението, тие во моментов трагаат по жените кои биле во друштво на девојчето кое личи на Данка и ги повикуваат луѓето да се јават во полиција доколку знаат каде се наоѓаат.
Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени снимени со девојчето веднаш да се обратат во полиција.
Да потсетиме, малата Данка исчезна на 26 март во близина на Бањско Поле во Бор и оттогаш се води интензивна потрага по неа. На 30 март жител на Виена, родум од Србија, на трамвајска станица снимил девојче кое наликува на малата Данка во придружба на две непознати жени. После тоа била издадена жолта наредба за претрес на Интерпол, а во потрагата веднаш се вклучила и криминалистичката полиција на Австрија.