Групата GhostSec на својот профил на Телеграм објави дека со ДДОс напади „одат против напади против Македонија, со „напад на војската и Министерство за одбрана“.
Сите внатрешни и надворешни мрежи на ова Министерство за одбрана се паднати и веб-страниците на војската (mil.mk).Го хакиравме и ГПС системот што го користеа за следење и испраќање пратки за нивната војска (ресурси, оружје, итн. ) испорака на различни оружја и ресурси во, а понекогаш и надвор од земјата. Продолжува да се покажува негрижата на македонската влада!“ – стои во објавата на хакерите.
Од Министерството за одбрана одговорија дека сите системи се функционални, а институцијата е подготвена да ги одврати сите сајбер закани од безбедносен карактер.
– Сите мрежи и системи на Министерството за одбрана и Армијата функционираат без никакви проблеми и не постои никакво неовластено пристапување, ниту отекување на податоци и информации. Овие системи се под постојан мониторинг на високо стручен кадар во Министерството, кој го следи интернет сообраќајот и континуирано презема мерки за обезбедување на нивна сигурност и стабилност, соопштија од Министерството за одбрана.
Хакерската група GhostSec појавувајќи се во 2015 година, првично се поврзуваше со Анонимуси и себе се идентификуваат како будни хакери. Примарна цел на GhostSec е спротивставување на онлајн тероризмот и насилниот екстремизам. Претходно ја презеде одговорноста за борба против екстремистичката содржина и активности на интернет, експлицитно насочена кон ИСИС кога тие првпат се појавија. Ghostsec, исто така, изврши бројни напади врз руската влада, особено против хидроцентралата Gysinoozerskaya на 20 јули 2022 година.
Групата дури тврди дека некои нејзини членови биле вработени во владини агенции за време на наводен состанок со американската влада во тие години. Не така одамна го промовираа GhostLocker, како софтвер за заклучување.
Македонските институции последниот период се мета на хакерите, како што се засилува нивната активност низ светските мрежи. Последниот напад беше извршен врз АД МЕПСО.
Институциите и владите на повеќе европски земји се под интензивни хакерски напади на групи за кои се тврди дека се поврзани со Русија. Последниот интензивен хакерски напад е регистриран во Германија, каде беа нападнати серверите на политички партии.
В.К.