Ова ќе си дозволам еднаш да го напишам, зошто ми тежи. Со цела должна почит, но, државава дозволува неконтролирано лешинарење на странски болници со медицински туризам овде во земјава, вели во пост на Фејсбук доктор Ненад Лазаров, кој преку платформата ECrowd.mk собира донации за лекување.
Лазаров во неколку постови на Фејсбук објасни за состојбата во државава.
-Јас сум шокиран, за да се увериме дека е така, побаравме и добивме три различни профактури со разлики од по 30% од една иста странска болница за еден ист пациент, само различни неповрзани баратели. Ви тврдам и ветувам дека ќе им направиме дампинг на цените, само дозволете ни да ве заштитиме од разноразни “агенти”. На пример утрово за еден наш штитеник добивме 15.000 евра попуст со само неколку телефони свртени напиша тој, а во друг пост додаде.
-Неконтролирано лешинарење на странски болници со медицински туризам и алтернативни третмани.Крвта им ја имаат допиено на најранливи категории болни деца и алтернативни третмани.
Куќи продаваат луѓето и се што имаат бидејќи надеж се има до последно, и на таа надеж некој без око да му трепне се става 20-30% обавезно и стандардно, на фактури од десетици илјади евра!
Со сите измислени допишуванки, алтернативни третмани се продаваат ко чудесен лек, а кај што може да се одере на принцип “ако проџе проџе” двоструко поскапо е наплатено без око да им трепне. Државата не поседува никаков механизам за контрола, јас би ги апсел со камери! Јас сум згрозен каков бизнис одвратен и како пак од друга страна се злоупотебувани донации од секакви собирачи, напиша тој и на крајот во друг пост додаде:
-Ниту еден еден политичар, ниту еден пратеник, ниту еден функционер и ниту еден претседателски кандидат нема донирано ниту денар за ниту една од 10тина активни кампањи на ECrowd.mk. Ниту 1% од фамозните 78% покачување. Арам да ви се, напиша доктор Лазаров.