Ислам Халилов (15) спасил повеќе од 100 луѓе од масакрот во Москва и како што рекол во ексклузивно интервју „не оставил никого зад себе“.
„Дури кога видов луѓе како бегаат од ескалаторот сфатив дека нешто се случува. Тогаш сфатив дека се работи за терористички напад“, рекол Ислам.
Тој истакна дека им верува на своите инстинкти и дека прави како што чувствува дека треба.
„Извикав: „Пукање, луѓе, сите, трчајте кон Експо“, објасни тој.
'Better to sacrifice yourself than let hundreds die'
15-year-old Islam describes how he helped dozens escape Moscow's Crocus City Hall during the terror attack – making sure he didn't leave anyone behind
Follow us on Telegram: https://t.co/gtQwYY5WSl pic.twitter.com/tAzDimg6sU
— RT (@RT_com) March 24, 2024
Кога новинарот го прашал дали последен си заминал, тој рекол да и дека никого не оставил зад себе.
„Никого не оставив зад себе, сите ги одведов до излезот“, објасни тој.
Тој напомена дека видел еден од напаѓачите и го опишал како „оној со брада“, но дека нападот се случил на вториот кат и не можел да види ништо друго.
„Тие беа на катот над мене, до главниот влез“, рекол тој.
Тој истакна и дека брадестиот терорист бил камуфлиран во зелена облека и носел пушка во раката.
Подобро да го жртвувам својот живот отколку животите на сто луѓе“, изјави храброто момче за РТ.
Да потсетиме, во петокот на 22 март руската престолнина беше погодена од страшен терористички напад во кој загинаа најмалку 137 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети. Убиени се и три деца.
Одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС), а подоцна објави видео за кое тврди дека е видео од нападот во Москва, пренесува телеграф.рс.