Несовесен татко лажирал тест за татковство на својот новороден син во обид да избегне да плати 20.000 фунти (23.000 евра) за издршка и тоа со користење на ДНК на неговиот вујко, пренесува Дејли Мејл.
Таткото (32) лажел дека не е татко на тригодишното момче и намерно го измамил докторот прикраднувајќи се до автомобилот за да го заврши тестот.
Кога бил кај автомобилот, побарал од својот вујко – кој не знаел за што се работи – да му земе брис од внатрешноста на образот.
Кога бил направен тестот, се покажало дека тој не е таткото на момчето.
Меѓутоа, неговата измама била откриена откако мајката на детето го оспорила резултатот и полицијата го уапсила и му зела ДНК.
Потоа е добиен нов примерок кој одговара на детето и се разоткри мрежата на измами.
Минатата недела во судот на Бексли, таткото, кој живее во Кент, се изјасни за виновен за измама со лажно претставување со поднесување лажен примерок од ДНК. На тој начин избегнал да плати вкупно 18.479 фунти за нега на својот млад син.
Ова значело дека мајката на детето се борела да врзе крај со крај и била принудена да прескокнува оброци за да заштеди пари.
Таткото измамник беше осуден на 200 часа општествено корисна работа и петнаесет дена активност за рехабилитација и сега плаќа 680 фунти месечно за покривање на тековните плаќања и заостанатите долгови, пренесува курир.рс.