МВР информира за темпераментна жена од Кичево, која истепала маж, а кога ја повикале во станица на разговор, го нападнала полицаецот
-На 21.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје. Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски” во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.