Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје, 63-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Центар, таа и нејзината ќерка биле физички нападнати од М.Л.(41) од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полицијата информира и дека вчера во 13.40 часот во СВР Скопје, С.Р.(58) од Скопје пријавил дека околу 00.10 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.