Душан Хаџи Василев од Радовиш на својот Фејсбук профил објави статус и откри како актуелниот претседател Стево Пендаровски му помогнал со школарината.
-Доколку сакате долгорочна среќа, помогнете им на другите. Тоа е изреката и патеката по која се движи нашиот претседател Стево Пендаровски. Гледајќи и слушајќи ги нападите спрема претседателот, не можам а да не кажам неколку реченици. Човек со големо срце, којшто помага секому, секаде и подава рака за помош на секој еден граѓанин на којшто му е потребна. Една од тие личности сум јас, кој со едно пишување преку порака на неговата фејсбук страница, веднаш, во рок од 2 часа, лично тој ме исконтактира и ми помогна со половина од школарината за Академијата за програмирање на којашто сум запишан, напиша тој.