Денеска, Боинг 777 на American Airlines принудно слета на аеродромот LAX во Лос Анџелес поради „механички проблеми“, пренесува CBS News.
Патниците на летот што полетуваше од Далас беа принудени да го напуштат авионот откако безбедно слета на пистата 25 во ЛАКС околу 21 часот по локално време.
Претставник на Американ Ерлајнс изјави дека пилотот пријавил потенцијални механички проблеми пред полетувањето, иако конкретни детали за проблемот не беа веднаш објавени.
По слетувањето, авионот бил однесен на терминалот, каде излегле патниците, пренесува република.рс.
Нема извештаи за повредени. Останува нејасно што е проблемот, и покрај првичните информации дека на авионот му пукнала гумата, пренесува блиц.рс
Инцидентот се случи само неколку дена откако лет на Јунајтед ерлајнс, исто така Боинг 777, принудно слета во ЛАКС, откако тркало паднало за време на полетувањето.
Покрај тоа, уште еден лет беше принуден да слета минатиот петок поради проблеми со хидрауличниот систем.