Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави приклучувањето на Шведска во НАТО.
Скандинавската земја денеска и официјално стана 32-та земја членка на Алијансата.
„НАТО е посилен од кога било“ со приклучувањето на Шведска, рече Бајден во коминикето.
Американскиот претседател објасни дека неговиот руски колега Владимир Путин сакал да ја „раздели“ Воената алијанса, напаѓајќи ја Украина, но го постигнал токму спротивното.
Трансатлантската организација е „пообединета, решителна и подинамична од кога било“, нагласи Бајден.