Утрово на Попова Шапка мечка напраднала турист од Данска, кој со група од 10 скијачи практикувале скијање надвор од скијачките патеки.
-Скијачите застанале под неколку елки да одморат, но во нивна близина се нашле две мечиња. Веднаш изрипала мечка, која исплашена за мечињата еден од туристите го гризнала за нога и побегнала. Туристот на ратрак бил пренесен во болница, а раната била исчистена. Најверојатно не се работи за тешка рана, бидејќи туристот ја напуштил болницата, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.