Откако медиумите ја објавија веста дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал во затворска единица во руската арктичка област Јамало-Ненец, каде што издржувал повеќегодишна затворска казна, се појави видео на кое Навални се појавува за последен пат во јавноста.
Снимката е направена за време на сослушувањето, на кое Навални присуствувал во четвртокот преку видео-врска, а на кој се чини дека е добро расположен. Корисниците на социјалните мрежи кои го споделија видеото и коментираат дека Навални изгледа дека е здрав.
Here's Navalny showing what makes him unique in this video after his final prison transfer.
He kept injecting humour and positivity into those around him even in the bleakest of situations. pic.twitter.com/FdrNkYsFtk
— Ned Davies (@NedDavies) February 16, 2024
Затвореникот со шеговит тон рече дека условите во ќелијата се добри, но дека има „проблем“ и „не знам до кој суд да се обратам, времето овде е лошо“.
Друга снимка со истиот изглед покажува како Навални на шега му вели на судијата да му испрати пари од „огромната плата на федералниот судија, затоа што останувам без пари благодарение на твоите одлуки“, што го натера дури и судијата на другиот крај на видео врска да се насмее.
Yesterday, Aleksey Navalny spoke in court via video link. He seemed to be in good health and and even joked. https://t.co/iXxwW3MSXM pic.twitter.com/mXDeJuVpPg
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 16, 2024
„Последниот пат кога вчера го видовме жив Навални, тој правеше шеги од својата колонија со државниот судија – се смееше и ја омаловажуваше својата страшна ситуација како и секогаш, до неговата смрт. Ниту функционерите назначени од Кремљ не можеа да ја сокријат насмевката“.
,
Информацијата за смртта на Навални ја потврди Федералната затворска служба на Русија.
„Осудениот Навални А.А. по прошетката се чувствувал лошо и речиси веднаш изгубил свест. Медицинскиот персонал веднаш пристигнал, а повикана е и екипа на Брза помош. Спроведени се сите мерки за реанимација кои не дадоа позитивни резултати. Лекарите од Итната помош констатирале смрт на осуденикот“, соопшти службата која испратила комисија во затворската колонија.