По веста дека на српската фолк ѕвезда Александра Пријовиќ, која исполни пет арени во Загреб и закажа исто толку концерти во Осиек, и беше откажан концертот во Задар, каде што е непожелна, повторно се крена голема прашина зошто српските изведувачи добиваат забрана да пеат во Хрватска.
Фото: Фејсбук профил
Последниве месеци со забрана се соочија Драган Којиќ Кеба, Ана Бекута, Зоран Миќановиќ, Саша Ковачевиќ, Гога Секулиќ и многу други, а она што е особено интересно е што на пејачката Нада Топчагиќ три децении и е забрането да настапува во Хрватска, пишува Пинк.рс.
„Белград е едно големо срце кое ги прифаќа сите! Хрватските пејачи овде се толку поддржани и добредојдени, а нас не бркаат како бубашваби. Не сум пеела во Хрватска од 90-тите, затоа што сум банирана. Не би одела, дури и да умрам од глад, затоа што јас имам гордост! Зошто нивните пејачи што заработуваат овде не застануваат во одбрана на нашите? Морничаво, таму нема заборав“, изјави пејачката пред неколку години.
Фото: Фејсбук
Одлуката за забрана на Топчагиќ е во сила од почетокот на деведесеттите години на минатиот век, а тоа е затоа што, како што пишуваа тамошните медиуми, таа наводно им пеела на антифашисти и четници во Вуковар над телата на убиените Хрвати за време на војната, објави Пинк.рс