Истанбул е најпосетуваниот град во светот, откако привлече 20,2 милиони меѓународни посетители во 2023-та година, според рангирањето на „Euromonitor International“, цитирано од „CNBC“. Ова е зголемување од 26% во однос на претходната 2022-ра година.
Историскиот центар на Истанбул е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Според „National Geographic“, најдобро време за посета на Истанбул е пролет или есен.
На второ место е Лондон со 18,8 милиони меѓународни посетители во 2023-та година. Британскиот главен град забележа раст на посетите од 17% на годишна основа.
Во рангирањето се нагласува дека Лондон ја има најдобрата туристичка инфраструктура во светот. Според „CNBC“, неколку компании, вклучувајќи ги „Park Hyatt“, „Oberoi“ и „Mandarin Oriental“, планираат да отворат нови хотели во градот.
Њујорк е единствената дестинација од САД која се најде во првите 10 на рангирањето. Во градот се регистрирани 11 милиони посети, што претставува зголемување од 24% во однос на 2022-ра година.
„Меѓународното патување продолжува да закрепнува, со раст од 38 отсто на бројот на патувања што се очекува да достигне 1,3 милијарди до крајот на годината во 2023-та година“, се вели во студијата.
„Од потрошувачите се очекува да бараат зделки за патувања. Ова, пак, ќе ја поттикне побарувачката на потрошувачите за внатре-регионално патување. Патниците ќе продолжат да ги фаворизираат автентичните и локални искуства покрај одржливите туристички алтернативи“, велат од „Euromonitor International“.