Во Скопското село Танушевци кој се наоѓа во внатрешноста на скопска Црна Гора, постоел човек кој создал хидроцентрала со кој дваесетина куќи ги снабдувал со струја, тоа го направил со сопствени идеи од малата река која протекува во долниот дела на ова село. После враќањето од воената служба во 1969 година постојано размислувал како да создаде нешто за да им олесни на соселаните во нивните секојдневни работи.
Интересни факти за младиот амбициозен Али кој со неговото семејство живеел длабоко во планините на Танушевци, Скопско. Тој видно вознемирен од тогашните кризи за снабдување на електрична енергија на регионот, одлучил сам да импровизира хидроцентрала кој ќе овозможи барем да има светла во неколку куќи. Неговото дело е документирано со документарец подготвен од РТК во 1982 година на кој има и видеа како изгледал хидроцентралата и како Алиу го создал струјата. Во неговата изјава во овој документарец тој вели.
„Јас сум Руфат Алиу од Танушевци – Скопско и имам четири деца, не сум бил на училиште. Да пишувам и читам сум се научил во војска, после враќање од војска ја создадов централата која произведува струја“, вели Алиу кој сега е починат.
Тој во неговото интервју вели дека никогаш не престанал да бара и да произведува се повеќе струја за да се снабдуват се повеќе соселани.
„Кога создадов струја со моќност од 6 вати, седев со часови и постојано си мислев како да продолжам, најдов едно динамо од велосипед и создадов светло со сијаличка, и таму со еден другар седевме цела ноќ. Кога идеа луѓе се чудеа, не веруваа дека создадов светло. После тоа си мислев како да создадам повеќе струја, како цело село да го снабдуваме со струја, зедов поголемо динамо од автобус и создадов струја со моќност од 12 волти и создадов струја за светло на две куќи, но не престанав сакам да направам нешто поголемо, после една година создадов струја со можност од 2000 вати, пријатели ни најдоа еден генератор во Скопје , ја направивме централата, жиците ги закачивме по дрвата, и снабдувавме 8 куќи, после две во 1973 години направив друга централа со 7500 вати и се приклучија и други 16 куќи. Најмногу ме вознемирува недовербата на селаните, кои не веруваа дека создадам струја кога видоа сами тогаш ми се заблагодарија“ – вели Алиу.
Руфат Алиу не создаде само струја, тој создаде и радио врски, кои ги употребиле наставниците на ова село за комуникација, па некогаш и забава затоа што тој пушташе музика во импровизирано локално радио. Тој е роден 1943 година а починал во 1996 година во своето родно село Танушевци.