По поплаките од украинската војска за недостатоци во опремата и залихите, министерот за одбрана Рустем Умеров призна дека има некои пропусти, пренесе ДПА.
Регистрирани се „многу прекршоци“ при ненајавени контроли, напиша министерот на Фејсбук.
Проверени се и залихите на храна. Според извештајот, недостасуваат резерви вредни повеќе од 1,2 милиони евра (1,3 милиони долари) и не биле доставени.
„Ги евидентираме прекршоците и поединечно постапуваме со секој случај“, напиша Умеров во соопштение објавено синоќа во кое се додава дека неодамна е сменет и добавувач за некои воени единици „поради инциденти“.
Ненајавените проверки, во кои се вклучени и тајните служби и други безбедносни организации, ќе продолжат.
Според украинското Министерство за одбрана, неодамна имало поплаки од вооружените сили за недостиг во снабдувањето на камповите на некои единици кои се борат на источниот фронт. Утврдени се и недостатоци во квалитетот и квантитетот на храната.
Неодамна имаше неколку корупциски скандали поврзани со Министерството за одбрана и вооружените сили.
Министерот за одбрана, исто така, потсети дека е откриен скандал со измама во министерството, во кој поранешни и сегашни функционери проневериле околу 36,4 милиони евра за набавка на артилериска муниција. Во случај, сумата беше вратена во буџетот, изјави Умеров.
Украина речиси две години се брани од руската инвазија со огромна западна финансиска и воена помош.