Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот инцидент во Општина Чашка во кој телевизиската екипа на Алсат-М беше спречена да го сними протестот против воведување паралелка на албански јазик во основното училиште, како и да влезе во објектот на општината.
„На новинарите и на медиумите мора да им се овозможи слободен и непречен пристап до сите настани, имајќи ја предвид нивната круцијална улога во информирањето за прашања од јавен интереси и во обезбедување транспарентност и одговорност.
Агенцијата како и досега потсетува дека секое попречување на работата на медиумите претставува директно загрозување на слободата и правото на информирање“, се велинвонреакцијата на АВМУ.