Поради густата магла и дожд дојде до сообраќајка, на само три километри пред границата на Табановце, а во сообраќајката учествувале три автомобили меѓу кои и автомобилот на српскиот пејач Ѓорѓе Давид.
Ѓорѓе за Гранд ги открил сите детали од несреќата во која учествувал.
-Наводно, девојката и нејзиниот сопатник излегувајќи од своето место влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила во него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која возела автомобил и удрила во друг автомобил е полесно повредена. Меѓутоа, нејзината сопатничка, за која велат дека наводно и е мајка, не е – изјави Ѓорѓе за Гранд и продолжил:
-По несреќата тие останале на автопатот, еднит на левата лента, другите во десната, а минута и пол потоа налетав јас на нив со брзина пропишана со знакот за автопат и директно ги удрив. Удрив во сопатникот кој се движеше по автопатот. Беше магла, ги вклучив долгите светла и беше секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силна кола, инаку не знам што ќе се случеше со мене, рекол тој за Гранд.
По страшната несреќа Ѓорѓе призна дека се уште не може да си дојде на себе си.
-Синоќа имав блага скршеница, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол – признал рокерот и ја открил својата состојба.
-Имам два конци на левата рака поради исекотини од возачкото седиште. Фала му на Бога имам силен автомобик, бидејќи да немав, којзнае што ќе се случеше – рекол Ѓорѓе за Гранд.
Ѓорѓе истакна и дека му биле направени сите тестови за да се утврди дека не бил под дејство на алкохол или недозволени супстанци.
-Ми земаа урина и крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена – изјави тој за Гранд и додаде дека мора да остане во Македонија додека се следи законската процедура.
-Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен – изјави Ѓорѓе, кој се уште не може да се соземе.
-Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во шок, тоа е пекол. Имам два конци на левата рака поради исекотини од возачкото седиште што се скрши – заврши Ѓорѓе за Гранд.
Јавното обинителство денес објави и детали од несреќата:
-Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, „Фолксваген поло“ со кумановски и „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока. По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил „Опел инсигниа“ со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала, соопшти Обвинителството.