Добрата смисла за хумор претставува користење на ироонија и мудрост за да се опише „сивата реалност“, што речиси секогаш укажува на високо ниво на интелигенција. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Виена покажало дека луѓето кои имаат голема смисла за хумор имаат голема вербална и емоционална интелигенција. Всушност, нивната смисла за хумор е пософистицирана и покреативна.
Тие исто така, дошле до заклучок дека постои директна врска меѓу хуморот, емоционалната интелигенција и самопочитта. За луѓето највеќе зборува нивната смисла за хумор, она што може да ги насмее, но и нивната способност да ја прифатат најироничната изјава.
Екстровертите низ хуморот полесно се носат со стресот и секојдневните проблеми.
Психолозите сметаат дека смислата за хумор е наследна особина која е одговорна за флексибилноста на умот. Освен тоа, дошле до заклучок дека негативниот хумор кој е заснован на сарказам, напаѓање и исмејување, е поврзан со лошо расположение и депресија.
Кога го прашале Алберт Ајнштајн која е тајната за неговата генијалност, тој рекол дека тајната се крие во неговиот хумор.
Тој својот хумор го поседувал уште од детството и во срцето секогаш останал дете кое било способно да го гледа светот со љубопитни очи. Никогаш не ја загубил смислата за хумор и нејзината важност ја нагласувал во односите со другите луѓе.
Многу истражувања досега говорат во псилог на тоа дека токму позитивните односи може да ја подобрат емоционалната состојба.
Смеењето го зголемува производството на допамин во мозокот. Смеењето е живот, а смислата за хумор нѐ поврзува со другите луѓе. Го намалува стресот, го зајакнува имунитетот и нѐ прави попродуктивни.
Ако веќе смислата за хумор има моќ да нѐ направи попаметни, би требало да го користиме поефикасно и повешто.
Извор: svezazenu.net