Српскиот политичар Срѓан Ного кој објави исечоци од снимки поврзани со грозоморното убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски најавува дека утре во 12 часот на Јутјуб ќе објави снимки од грабнувањето на Вања, пред и по киднапирањето.
Во видео најавата, тој објави краток тонски запис, за кој тврди дека е дел од разговор меѓу Александар, таткото на Вања и инспекторите во МВР.
Ного тврди дека токму таткото на Вања, а не полицијата го открил исчезнувањето на Панче и неговата ќерка.