Врз основа на приказните што ги слушавме како деца, се вкорени мислењето дека Дедо Мраз е измислен лик кој живее на Северниот Пол и доаѓа во сите делови на светот на новогодишната ноќ со својата санка за да им подари на децата подароци.
Сепак, не сите се на мислење дека Дедо Мраз е токму таков. Има поединци кои ќе ве поправат и ќе ви посочат дека Дедо Мраз е всушност нашиот Свети Никола од времето на Римската империја.
Свети Никола е роден во грчката колонија Патара околу 270 година. Уште од раното детство бил многу религиозен, па затоа целиот свој живот му го посветил на христијанството, пишува Данас.
Потекнувал од богато семејство, но родителите ги изгубил во епидемија, а наследеното богатство го користел за да им помага на сиромашните, болните и немоќните. Тој беше познат по својата дарежливост кон оние кои имаат потреба, но и по љубовта кон децата.
Од 1931 година, околу новогодишните празници, Kоца-Kола се фокусираше на дебел маж во црвен костум кој го пие овој пијалок во своите реклами.
Сепак, без разлика на „преминот“ во современиот Дедо Мраз, славата на Свети Никола сè уште живее, најголемиот број христијани го слават како домашна слава.
Обичајот на закачување чорапи за ставање подароци потекнува од приказна која ја прикажува дарежливоста на Свети Никола. Таа вели дека Никола спасил три ќерки на сиромав човек да не бидат продадени во ропство.
Имено, тој на нивниот татко му дал три вреќи злато кои ги фрлил низ прозорецот. Се вели дека паднале во чорапи кои ги оставил на огнот да се исушат, што го објаснува денешниот обичај да се ставаат подароци во нив.
Дедо Мраз верува дека чистата природа е најдобриот подарок за луѓето и дека тоа е најголемиот подарок што можеме да им го оставиме на идните генерации.
Како и да го нарекувате сега – Свети Никола, Дедо Мраз или Божиќен Бата – ликот на Дедо Мраз повикува на хуманост, надареност, дарежливост, негување на природата и грижа за семејните вредности.