Пред одржувањето на Министерските совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), било пракса претседавачот да оди во Москва, да ги посети и Киев и Вашингтон и другите поголеми центри. Во годината кога Македонија претседаваше со ОБСЕ, одлуката била поради војната во Украина, да не се оди во Москва. Меѓутоа, се одвивала интензивна комуникација, бидејќи Украина инсистирала Русија да се исклучи од организацијата, додека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров останал на ставот доколку не дојде во Скопје, Русија нема да признае ниту една одлука што ќе биде донесена на овој Министерски совет.
За оваа неколкумесечна дипломатија во емисијата „Стадион“ на Канал 77 сведочи шефот на макеоднската дипломатија, Бујар Османи, кој ја имаше улогата на претседавач со ОБСЕ.
-Решив да не одам во Москва бидејќи сметам дека Русија ги пречекори основните принципи на организацијата. Едни од тие принципи е почитување на границите на земјите членки, немешање во внатрешните работи, тоа е Хелшинскиот декалог со 10 основни правила кои доброволно сме се обврзале дека ќе ги почитуваме. Русија како земја учесничка ги урива тие правила кои се фундамент на самата организација. Поради тоа, имавме дилема како ќе се поставиме како претседавач. Руската Федерација кажуваше ние мора да бидеме чесен посредник, ние не смееме да заземаме страна како претседавач, затоа што ние сме прв меѓу еднаквите. Мојот одговор беше: „Извинете, но јас не сум чесен посредник, јас сум чувар на принципите и обврските на организацијата. Тоа е задачата на претседавачот да биде заштитник на принципите на кои се засновува организацијата. Вие сте ги прекрѓиле и јас сум должен да бидам гласен против вас. И затоа одлучив да не одам во Москва“, изјави Османи.
Меѓутоа, Русија инститирала на присуство и секоја одлука од значење на ОБСЕ да биде донсена на средбата во Скопје. Османи објасни дека не сакал дипломатските контакти да бидат преку рускиот амбасадор во Скопје, затоа ќе се сфати како билатерални средби, ниту пак макеодонскиот амбасадор во Москва да посредува. Таа обврска била дадена нашиот амбасадор Џундев во ОБСЕ, кој имал средби со рускиот амбасадор во ОБСЕ во Виена.
-Од Виена дојде абер дека нема да прифатат ниедна одлука ако не се присутни овде. Требаше да ставиме на вага – организацијата или присуството, рече Османи.
На прашањето дали Османи имал билатерлна средба цо Скопје со рускиот колега Сергеј Лавров, тој потврди дека се сретнал, но не во билатерален формат.
-Имав средба, требаше да имам билатерлална средба и после тоа да има средба и амбасадарот на Малта како иден претседавач решивме да ги споиме, за да не се добие впечаток дека е во национален капацитет. Сакаме да им кажеме дека во национален капацитет, македонскиот министер нема да се сретне со Лавров. Со тоа испративме порака: „Не можете да се однесувате против сите правила на меѓународниот правен поредок и ние да се однесуваме со вас како ништо да не сте направиле“, кажа Османи во „Стадион“.
Османи рече дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен не сакал да се сретне со Лавров, иако била подготвена целата логистика доколку дојде до ваква средба. Со Лавров не сакале да се сретнат и претставниците на сите поголеми европски држави. Но, било важно Блинкен да дојде во Скопје и испрати порака. Како пример на однесувањето на државите кон Рсуија и пораките што се испратени од Скопје е таа на експремиерот на Луксембург, сега шеф на дипломатијата, која кажал: „Мојата баба е Русинка. Но, ова што ви го кажувам ви го кажувам како човек, а не како некој што ги мрази Русите. Ова што го правите е против било кои вредности на човештвото“.
Османи вели дека било важно Русите да дојдат и да се соочат со ставот на светот.