Роднините и соседите на Алина (45) која беше пронајдена запалена и нејзината ќерка (25), која е задавена во романскиот град Хогиз, се во шок поради неодамнешната трагедија.
Полицијата спроведува истрага која ја води во два правца. Едниот е дека во прашање е убиство и самоубиство, а другиот дека двете жени некој ги убил па се обидел да ги прикрие трагите.
Нивниот роднина кој ги пронашол мртви, го исклучува првото сценарио.
„Мислам дека немаа кавги. Ги познавам, тие не знаат да се расправаат“, изјави роднината.
Соседите велат дека Алина имала проблем со депресија, но дека во прашање е чесно семејство.
„Кутрите тие. Беа семејство како и секое друго, работливо и чесно. Можеби имало некакви расправии како во секоја куќа, но не и да се случи вакво нешто“, велат шокираните соседи.
Инаку, безживотните тела на мајката и ќерката се пронајдени откако загрижениот татко се јавил на роднината, бидејќи сопругата и ќерката не му одговарал на телефон.
Роднината го пронашол запаленото тело на Алина во дворот на неколку чекори од куќата, а во кујната внатре е пронајдено телото на нејзината ќерка со траги од давење на вратот.
„Кога влегов во дворот, ја видов таму. Девојката беше во кујната и тоа беше ужасна глетка“, истакна роднината.
Полицијата соопшти дека во овој момент нема осомничени.
„Обдукцијата ќе ја открие причината за смртта“, наведуваат од полицијата.
Извор: telegraf.rs