Хеликоптер на АРМ денеска околу 14:30 принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, откако за време на редовна летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, се појавило предупредување на инструментите за грешки во работата на моторот, информираат од Армијата.
Надлежните велат дека нема никакви оштетувања на хеликоптерот и дека екипажот е безбедно слетан.
– Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работата на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец, се вели во соопштението од АРМ.
По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на дефектот и оспособување на хеликоптерот.