Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес беше во Штип. На средбата со новинарите беше прашан дали проектот „Безбеден град“ ќе се прошири и на другите градови, а не само на трите кои досега се опфатени.
-Во овој момент се само Куманово, Скопје и Тетово, во тек е надградба на целиот систем, кој ги вклучува автопатишатата. Тука ќе се вклучи и електронско утврдување на сообраќајните прекршоци и секако дека идејата е да се проширува во големите градови каде има поголема фрекфенција на луѓе. Штип е еден од тие градови. Иако може да кажеме дека истокот е прилично мирен и стабилен, но секаде каде имаме видео надзор доаѓа до уште подобра безбедносна состојба и во откривачка дејност на јавната безбедност, рече Спасовски.