Два дена откако гостинка од Малезија во хотел пријавила во полиција исчезнат дијамантски прстен, хотелот го алармирал речиси целиот персонал да почне да го бара вредниот накит, пишува Гардијан.
Набрзо било објавено дека обезбедувањето го пронашло прстенот во кеса за правосмукалка.
Весникот Ле Парисиен сугерираше дека откривањето на прстенот не е доволно за да ги отфрли сите сомнежи за тоа што точно се случило, но од хотелот велат дека гостинот бил воодушевен од веста.
„Би сакале да им се заблагодариме на персоналот на Риц Париз кој се мобилизираше и се вклучи во оваа операција“, соопшти Ле Парисиен.
Гостинката, опишана само како бизнисменка од Малезија, на полицијата и рекла дека го оставила прстенот на масата во петокот додека одела на неколкучасовна обиколка низ градот. Кога се вратила во собата, прстенот го немало, рече таа.
Еден ден откако таа поднесе жалба, хотелот соопшти дека сè уште истражува што се случило.
Полицијата пристигнала да спроведе истрага, а обвинителите биле подготвени да го преземат случајот доколку се посомневале во провалник.
„Зборуваме за огромна штета“, изјавил извор од градското јавно обвинителство за Ле Парисиен.
Не би било првпат прославениот хотел да биде вклучен во ваков инцидент.
Неименуван член на саудиското кралско семејство пријавил кражба на накит вреден околу 800.000 евра од апартман во 2018 година, а неколку месеци претходно пет вооружени мажи избегале со накит вреден повеќе од четири милиони евра, украден од прозорец на хотел.