Патохистолошкиот наод, микробиолошкиот и молекуларниот наод од Факултетот за ветеринарна медицина утврди дека угинувањето на жирафата Флопи се случило како последица на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови, соопшти ЗОО Скопје.
-Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивниот карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза, се вели во соопштението.

Од Зоолошка додаваат дека 27 ноември бил многу тажен ден за нив.
-27.11. 2023 година беше за нас трагичен ден, прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна за жал не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа.