„Ние се бориме да ја спасиме нашата држава од национализам, од екстремен популизам, од конфликт и омраза, за што сум убеден дека ќе успееме, заедно со граѓаните демократи“ напиша на неговиот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од Брисел.
Тој во Брисел беше дел од семинарот на тема „Обликување на прогресивната агенда за проширување“ во организација на пратеничката група Социјалисти и демократи од Европскиот Парламент.
- „Денеска од Брисел порачуваме дека прогресивната агенда е неопходна за проширувањето на ЕУ. Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира европската интеграција, како за Северна Македонија така и за земјите од Западен Балкан“ порача Маричиќ на својот Фејсбук профил.
Вицепремиерот за европски прашања, потенцираше дека секако нема да се дозволи било кој да ја враќа државата во тунелот во кој се наоѓавме 11 години и дека како држава сме за слободно, а не за затворено општество.
- „Нема да дозволиме било кој да ја враќа државата во тунелот во кој се наоѓавме 11 години – ние сме за слободно, а не за затворено општество“ напиша на неговиот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од Брисел.
Вицепремиерот Маричиќ додаде дека проевропскиот фронт ќе се бори да ја спаси државата од национализам, од екстремен популизам, од конфликт и омраза, за што е убеден дека ќе успее, заедно со граѓаните демократи.