Хакан Јилдирим (42) од Истанбул имал проблем со забот, па се јавил во најблиската ординација за да закаже преглед. Не знаеле дека наскоро ќе го доживее најболното искуство во животот.
Необичниот случај го пренесоа светските медиуми, а неодамна доби и судски епилог.
Се започнало со повик и закажување преглед, а Хакан го контактирал Џемал Шенаслан, кој се претставил како стоматолог и му рекол на мажот да дојде на клиника вечерта.
Пациентот пристигнал во предвиденото време, а го пречекал токму Џемал. Се пофалил дека е предавач на стоматолошки факултет, а по прегледот целосно шокирал со својата изјава.
Тој му рекол на Хакан дека мора да извади четири предни заби, а кога овој му одговорил дека слушнал дека „апсцесните заби“ не се вадат, Џемал се налутил.
„Дали ме учиш како да работам?“, го прашал пациентот.
Недолго потоа, на Хакан му била дадена анестезија, како и објаснување дека забите ќе бидат заменети со прекрасни протези, пренесува Oddity Central.
Мажот ја издржал комплицираната процедура и платил 30 евра, а потоа со добиениот рецепт отишол во аптека.
Таму се посомневал во стоматологот, бидејќи сфатил дека рецептот нема печат, па затоа и не е валиден.
Следниот ден се вратил на лекар бидејќи имал неподносливи болки, а таму го чекал Ибрахим Левент.
Стоматологот делувал збунето кога мажот му кажал за неговата мака, а особено за „детаљот“ што Џемал Шенаслан го оперирал.
„Тој е нашиот чистач, доаѓа и ја подготвува операцијата навечер“, објасни тој.
Во судските документи стои дека Хакан завршил во итната медицинска помош бидејќи повеќе не можел да ги поднесе болките, а лицето му било отечено.
Наводно, имал болки цел месец.
„Шенаслан е целосно виновен во овој случај“, изјави адвокатот на Хакан пред судот и додаде:
„Мојот клиент е исто така психички трауматизиран. Од таа причина бараме обвинетиот да му се наплатат 3.200 евра за нематеријална штета заедно со каматата“.
Судот неодамна го осуди лажниот стоматолог на две и пол години затвор и го принуди да плати отштета за претрпената траума.