Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција.
Потресот е регистриран во 3 часот и 18 минути по локално време во областа Малатија.
Според податоците, земјотресот бил на длабочина од 7 километри под земја и предизвикал краткотрајна загриженост.
Во земјотресот нема информации за некакви штети или евентуални жртви.