Градоначалничката на Париз, Ен Идалго, денеска објави дека ја напушта платформата Х, порано Твитер, нарекувајќи ја „џиновска глобална канализација“ која ја „уништува нашата демократија“ со дезинформации.
Откако го купи Твитер во 2022 година, Илон Маск отпушти илјадници вработени, вклучително и оние кои модерираа содржини на таа платформа.
Маск го смени името на платформата во X, а поради обвинувањата дека не сторила доволно за борба против антисемитизмот, компанијата на Маск изгуби неколку големи огласувачи и се соочи со многу критики, вклучително и од Белата куќа.
„Таа платформа и нејзиниот сопственик намерно ги зголемуваат тензиите и конфликтите“, напиша Идалго во подолг пост на англиски и француски јазик, наведувајќи ги како примери манипулациите, дезинформациите, антисемитизмот и нападите врз научниците, климатолозите, жените и либералите.
Нејзината кампања за претворање на Париз во престолнина на велосипедизмот привлече подеднаква количина на потсмев и пофалби на социјалните мрежи низ годините.
Некои корисници, незадоволни од бавноста на работите кои немаат крај и градилиштата кои го обезличуваат градот, остро ја критикуваат во објавите со ознака #SaccageParis, #Уништен Париз.
„Овој медиум стана огромна глобална канализација, а ние треба да газиме во неа? напиша Идалго, велејќи дека нема да го поддржи овој „лош систем“.